Пејачката Наташа Беквалац утринава во Белград доживеа сообраќајна несреќа, откако камион удри во неа. Пејачката не била повредена, затоа што таа возела бавно, со речиси 10 километри на час.
„Таа е добро, не е повредена. Возеше многу бавно кога човекот удри во нејзиното ‘ауди’. Камионџијата ја призна вината. За среќа, само автомобилот е оштетен“, рече извор близок до Беквалац.
По несреќата, пејачката не сакала да даде изјава за медиумите.