Беквалац ја отпиша ќерка си од училиште и го напушта Белград

Српската поп-ѕвезда Наташа Беквалац максимално ужива во трудничките денови и ги избегнува медиумските појавувања со оглед на тоа што треба да се породи во март.

Панонската барбика, како што многумина ја нарекуваат, донела одлука што целосно ќе му го промени животот на нејзиното семејство. Беквалац го издала станот во Белград во кој живеела со ќерката Хана и сопругот Лука Лазукиќ и се отселила во Нови Сад. Пејачката ги однела сите работи на една фарма, која ја купила во близина на српска Атина и одлучила пред породоувањето да се отсели од Белград.

Во меѓувреме ја отпишала и Хана од училиштето во кое одела во Белград и ја запишала во едно од најдобрите во Нови Сад.

„Лука бил согласен сите заедно да се преселат во Ченеј затоа што и нему повеќе му одговара да бидат што подалеку од градскиот метеж. Се разбира, првин се советувале со Хана затоа што тоа сепак е најголемата промена за неа. Нејзе повеќе ѝ се допаднала идејата да го напуштат Белград, а на Наташа веднаш ѝ олеснило. Се разбира, одлуката не се случила наеднаш, туку за неа разговарале со месеци. Пред неколку дена ја отпишала Хана од приватното училиште што го посетувала во Белград и ја запишала во најдоброто во Нови Сад“, открива изворот и додава:

„Луксузната куќа што Наташа ја гради во местото Ченеј, во близина на Нови Сад, е направена според нејзините идеи. За ентериерот се консултира со сестра си и со Лука, но на крајот самата донесе одлука како сето тоа ќе изгледа. Таа е голем перфекционист и покрај тоа што е во поодмината бременост. Ништо не сака да ѝ препушти на случајноста. Секојдневно е во контакт со мајсторите и внимателно го избира мебелот за својот нов дом“, вели изворот и открива дека преселувањето најмногу ѝ одговарало на пејачката.

Таа едвај чека да се пресели на фармата. Многу се радува што конечно ќе има голем двор, каде што сите нејзини домашни миленици ќе може да уживаат. Иако нивниот стан не е мал, Наташа се израдува како мало дете кога виде дека куќата на фармата е подготвена за вселување. Станот во Белград го издаде, така што јасно е дека не размислува за враќање“, заклучува изворот.

 

 

Scroll to Top