Беквалац со семејна слика испрати порака да не се молчи за насилство: Не можев да гледам видео од малтретирање на дете

Српската пејачката Наташа Беквалац со емотивна објава на Инстаграм испрати силна порака и апелира до сите луѓе да не молчат кога станува збор за насилство, посебно врз деца.

Таа одлучила да не молчи и да го искористи своето влијание во јавноста и да им се обратни на нејзините фанови. Како што и самата напишала Беквалац била трогната од темата за семејно насилство, па неодамна објави фотографии со семејството и испрати силна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

„Многу сум потресена овие денови. Ги гушкам и бакнувам своите деца повеќе од кога било. Не можев да го гледам видеото од малтретирањето на детето, по неколку секунди го фрлив телефонот. Не можев да го гледам целото видео од претепувањето на девојка на тениски терен, врискав. Денес сум со мајка ми и татко ми и со децата, сфатив дека одамна ги немам видено и секогаш имам нешто поважно…и ништо не е поважно од фамилија. Некако после се што видов деновиве имав потреба да си одам дома. Кај мама и тато во Нови Сад“, напиша Беквалац.

Таа ги замолува сите оние кои се жртви или пак се во близина на било какво насилство да не молчат, туку да пријават.

 

Scroll to Top