Познатата манекенка Бела Хадид (25) откри дека го оперирала носот на 14 години, но сега се кае. Иако претходно тврдеше дека никогаш не направила пластична операција и дека го припишуваше пубертетот како причина за трансформацијата на нејзиното лице, сепак во искрен разговор за „Вог“ изјави дека покрај таа операција, имала уште неколку други зафати.
Таа, исто така, детално ја опиша нејзината борба со прифаќањето на своето тело и грижата за своето ментално здравје и призна дека секогаш се чувствувала „грдо“ и „помалку кул“ во однос на нејзината постара сестра Џиџи Хадид, која е исто така супермодел.
„Посакувам да го чував носот на моите предци. Мислам дека ќе ја надминав таа несигурност“, вели таа, иако инсистираше дека ринопластиката е единствената процедура што ја направила.
„Луѓето мислат се оперирав поради една фотографија на која изгледав отечено како тинејџерка. Прилично сум сигурна дека сега не изгледам исто како на 13, нели? Никогаш не сум користела филери, ајде да ставиме крај на тоа. Немам проблем со нив, но едноставно тоа не е за мене. Кој мисли дека сум ги поткренала очите или како и да се вика – тоа е само лента за лице! Најстариот трик на светот“, вели таа.
Бела откри дека поради критиките за нејзиниот изглед се чувствувала како да не е достојна да ја нарекуваат супермодел.
„Ми се чинеше дека луѓето сакаат да се чувствувам како да не заслужувам ништо од ова. Тие секогаш имаат што да коментираат, но она што морам да го кажам е дека отсекогаш сум била погрешно разбрана во оваа индустрија и од луѓето околу мене“, признава Бела, додавајќи дека цел живот ја споредувале со сестра ѝ Џиџи.
“Бев погрда сестра. Бев бринета. Не бев кул како Џиџи, ниту бев толку отворена. Така зборуваа луѓето за мене. И за жал, кога некој ќе ти каже толку многу пати, едноставно веруваш во тоа“, вели таа.
Бела додава дека отсекогаш се прашувала како таа, која е толку несигурна, вознемирена, депресивна, има проблеми со изгледот на своето тело, проблеми со исхраната, која мрази да се допира, која има голема социјална анксиозност, успеала да стане добра актерка и да стави насмевка на лицето.
„Секогаш имав чувство дека морам да докажам нешто. Луѓето можат да кажат што било за тоа како изгледам, како зборувам, како се однесувам. Но за седум години никогаш не успеав да дојдам и ја работам мојата работа, никогаш не сум откажала работа или задоцнив.Никој никогаш не може да каже дека не се давам 100 отсто на тоа што го работам“, искрено објаснува манекенката.
Многумина мислат дека ја фотографирала пејачката Карла Бруни и пред операцијата му ја покажала фотографијата на својот пластичен хирург, бидејќи е неверојатно во последно време колку си личат.
Манекенката демантираше и дека имала направено „fox eyes“, но дека користела ленти кои ѝ поминуваат низ косата, а истите се лепат за слепоочниците, па со тоа добила мачкини очи.
„Ниту едно од моите деца никогаш не правело филери или ботокс или ставило нешто туѓо во своето тело“, одговори Јоланда, мајката на Бела, на Инстаграм 2019 година.