Белград гореше од Карлеуша, џумбуш со трубачи за Нова година

Илјадници граѓани синоќа ја прославија Новата година со музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, која настапи пред Собранието во Белград. Таа го започна настапот во кристален фустан, кој визуелно ја реализираше нејзината идеја да се појави „замрзната“ пред публиката, пишува српски Курир.

Потоа, се пресоблече во црвена комбинацијa и на крај во златна.

„Првпат пеам пред Собранието во мојот град. Ми кажаа дека го срушивме рекордот и дека никогаш немало повеќе луѓе. Ми се исполни најголемата животна желба, ви благодарам што заедно влеговме во Новата година. Горда сум на Белград, ние сме центарот на светот вечерва“, рече Карлеуша.

Во текот на вечерта, ѝ се придружија трубачи, а настапи и со нејзините стари хитови.

Пред неа настапија Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ.

Scroll to Top