Денеска во Ѓаково беше погребан хрватскиот ракометар Денис Тот, кој очина откако беше претепан пред скопскиот ноќен клуб „Привилиџ“.
На погребот присуствуваа колони луѓе, меѓу кои и неговите роднини и пријатели. Но и голем број познати личности од светот на спортот, меѓу кои Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Иво Смоја, Мирослав Бојко и многу други.
За потсетување, двајца од неговите напаѓачи се во притвор, додека за третиот е распишана меѓународна потерница. Обвинителството го истражува мотивот за нападот, кој засега не е познат.
Извор и фото: gol.dnevnik.hr