Бившата сопруга на Мишо Ковач проговори за ноќта кога го загубија синот: Кога не дојде ни во 22. часот дома избезумено чекав на улицата

Љубовта меѓу мисицата Анита Батурина и Мишо Ковач почнала кога таа имала само 18 години, а тој бил во брак со Љубица Ковач.
По две години парот се венчал и набрзо го добија синот Еди, а потоа и ќерката Ивана.
Живееле во Загреб, во луксузен стан во Горњи град, го обиколиле речиси целиот свет, а медиумите постојано пишувале за нивниот мирен семеен живот без конфликти и афери. Сликата на идеално семејство траеше до почетокот на 90-тите, кога нивниот син Еди настрада во војната. Приказна за тоа што точно се случило и како едно семејство се распаднало, Анита ја раскажа за  хрватските медиуми. Таа зборувала и за деталите од  трагичната ноќ кога го загубија синот.

„Миша и јас ги воспитавме да бидат секогаш добри со другите деца и да им помагаат, па секогаш беа опкружени со своите врсници. Потоа дојдоа 90-тите и Еди стана ‘бед блу бој’. Му реков на Миша дека не ми се допаѓа тоа што тој стана и дека мораме да направиме нешто за да го фокусираме на училиште, но Еди не се откажа“, се сеќава Анита на настаните пред трагедијата.

 

This image has an empty alt attribute; its file name is miso-kovac-semejstvo-2-pak.jpg

„Мишо тогаш направи една глупост. Купи пиштол и му го даде на Еди. Го молев да не го прави тоа, да му стави оружје во рацете на детето, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и ми тврдеше дека нашиот син е одговорен и дека знае што има во рацете. А Еди никогаш не се одвојуваше од пиштолот. Тој дури го носеше и на излегувања. До таа кобна вечер во април 1992.

Еди секогаш се јавуваше ако останеше подолго и секогаш знаевме каде беше и што правеше. Но тој не се јави таа вечер, па дури не дојде ни дома до 22 часот. Ниту до 23 часот. Го молев Миша да направи нешто, да оди да го бара. И тој самиот беше загрижен, но не знаеше кому да се јави, каде да оди. Излегував пред куќата, гледав по улицата, чекав за да се појави Еди од некаде. Околу три и пол по полноќ ни заѕвони телефонот. Одговори Мишо и остана без зборови. Полицијата го известила дека Еди е во Драшковиќева, во болницата за трауматологија и дека му рекле дека Еди ‘има полесна повреда на мозокот’“.
Тие веднаш отишле во болница и Анита вели дека тогаш последен пат го видела својот син.

„Тој имаше завој околу челото, а лекарите беа многу оптимисти за неговото закрепнување. Ни кажаа дека куршумот поминал покрај фронталниот дел од мозокот и дека Еди ќе се извлече, но дека најверојатно ќе има проблеми со моторика на десната рака. Немаше трага од лош исход“, се сеќава Анита на ноќта во која Еди настрадал, по што поминал уште неколку дена закрепнувајќи во Драшковиќева.

„Како што ми рекоа подоцна, еден од лекарите дошол на посета и му го извадил ќебето на Еди. Се шокирал кога видел дека стомакот му е отечен и полн со течност. Веднаш го префрлиле во КБЦ Ребро и откриле дека е полн со бактерии. Поради нечија намерна или ненамерна грешка тој умре од сепса во најголема агонија и тоа ми е и денес најтешко да го прифатам. Нашиот син не требаше да умре“, изјавила Анита Батурина.

 

This image has an empty alt attribute; its file name is miso-kovac-semejstvo-1.jpg

Смртта на детето е сигурно најлошото нешто што може да им се случи на родителите. Дотолку повеќе што првичните прогнози биле охрабрувачки и ништо не навестувало таков крај. Мишо бил целосно скршен човек, а како што вели Анита, веднаш видела дека нема да може да се справи со тагата поради губењето на синот.
„И јас се распаѓав, но на Мишо му реков дека поради Ивана мораме да се собереме. Таа беше на чувствителна возраст, имаше 14 години, го изгуби саканиот постар брат, а потоа гледаше како ние двајца само плачеме и молчиме. Нашето девојче страдаше само“, ги опишува Анита најтешките денови во нејзиниот живот, кои доведоа до целосен распад на некогаш среќното семејство.

Тогаш Ковач го напушти семејството поради многу помлада жена, а неговата ќерка почна да се дрогира, па дури и се обиде да си го одземе животот земајќи преголема доза на дрога. Сите тие потреси биле тешки за пејачот, кој веќе бил исцрпен и на работ од нервите.

This image has an empty alt attribute; its file name is miso-kovac-1-Copy-1024x528.jpg

По сè ова на 14 јануари, со првиот самрак, во својот стан на улицата Максимирска број 69, тогаш педесет и осумгодишниот Мишо од фиока извадил непријавена „берета“ со калибар 7,65 мм, ја ставил цевката на левата страна од градите и пукал. Кога сфатил дека сè уште е жив, се јавил на мобилниот телефон и на менаџерот и му кажал што направил. Кадиќ потоа веднаш повикал брза помош. Пејачот бил пренесен во Клиничко-болничкиот центар „Ребро“, каде што бил опериран и му бил спасен животот.

Scroll to Top