Бојан Маровиќ: Татко ми сe самоуби кога имав 16 години и никогаш не закрепнав од трагедијата

Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ во интервју зборува за семејната трагедија која се случила кога тој имал 16 години и од која никогаш не се опоравил.

Таткото на Бојан, Дарко си го одзел животот, а пејачот вели дека никогаш не се помирил со таа загуба.

„Никогаш немав време да му кажам толку многу работи што би му ги кажал. Мислев дека ќе бидеме многу стари луѓе кога ќе зборуваме за се. Моите родители ме добија многу млад, па кога го изгубив татко ми, не го изгубив само татко ми, туку и пријателот“, изјавил Бојан.

„Татко ми се самоуби. Тоа беше момент, не беше планирано. Но, знам дека не сакаше, тоа беше само момент на слабост. Сите ги имаме, кога ти е смачено од се. Кога го закопував и го спуштав во земја, тогаш половина од мене замина. Никогаш не се опоравив од тоа. Лага е дека времето ги лекува раните. Не лечи, само тоа го става таму некаде. Многупати доаѓав на неговиот гроб и зборував за тоа што ме мачи. Отпрвин се прашував зошто и како се случило да си го одземе животот, но како што минуваат годините сфаќаш дека така морало да биде. Некој би го обвинил бога, но тој нема врска со тоа, тоа е само твоја одлука. Немаше ништо што укажува на тоа дека тој може да крене рака на себе, некогаш. Затоа беше гром од ведро небо кога се случи, а само замислете како боли потоа. Бев малку лут некое време, бидејќи мислев дека требаше да биде со мене, но му простив за се“, раскажал пејачот.

Пејачот е многу врзан за мајка си, а како што вели, среќен е што повеќе не мора да работи две работи за да заработи.

„Не ми беше целта да бидам богат или славен, целта ми беше мајка ми да не мора да работи две работи. Никогаш повеќе во мојот живот. А мајка ми работеше три пати, за да бидеме такви какви што сме денес. Можеби не сме идеални, но верувам дека на крајот сме чесни луѓе“, рекол Бојан во емотивната исповед.

Scroll to Top