Болката е моментална, но срамот е вечен – Сестрите на Беквалац се огласија со иста порака

Сестрата на Наташа Беквалац, Драгана и Кристина, се огласија на нивните профили на Инстаграм со речиси идентична порака, во која истакнаа колку семејството им е важно во животот.

Инцидентот кој се случил во ноќта меѓу 13 и 14 април, во кој, како што тврдат нејзините најблиски, Наташа претрпела семејно насилство од страна на својот сопруг Лука Лазукиќ, беше шок за голем број на нејзините фанови, а сестрите Беквалац се со Наташа од првиот ден.

Нивните објави на Инстаграм привлекле големо внимание, а носат иста порака, семејството е најважно.

„Болката е моментална, срамотата е трајна… А семејството… Семејството е се!“, пишува во објавата на постарата сестра на Наташа, Драгана, додека помладата Кристина на сликата на која пишува „Семејство“, само додала коментар – е се!“.

 

Scroll to Top