„Боже господе, што се случува“ – пукањето во Белград на само 300 метри од куќата на Мирослав Илиќ

Во пукањето во белградската населба Вишњичка бања се повредени пет лица, меѓу нив и една жена во критична состојба. Настанот се случил на околу 300 метри од куќата на пејачот Мирослав Илиќ.

„Живеам во мирна улица, во мирен крај. Сочувај Боже што се случува. Не сум гледал вести и не сакам да знам,“ изјави Илиќ за Телеграф.

Според „Блиц“, на пукањето му претходела тепачка, а неофицијално повеќе вооружени лица излегле од бело комбе и почнале да пукаат. Полицијата трага по напаѓачите.

Scroll to Top