Брат ми загина, татко ми сам си пукаше, а јас се дрогирав

Ќерката на хрватскиот пејач Мишо Ковач, Ивана, неодамна проговорила за животната драма низ која поминувала. Таа кон крајот на 1990-те години почнала да конзумира дрога, веднаш откога нејзиниот татко се обидел да се самоубие. Рекла дека Мишо бил депресивен откако нејзиниот брат бил убиен во војната и во 1999 година си пукал во гради. Семејството брзо го пронашло, а лекарите го спасиле.

Откако почнала да се дрогира, нејзината мајка Анита прва сфатила дека Ивана има проблем. Таа и Мишо правеле сè за да ѝ помогнат да се излечи, оти не сакале да изгубат уште едно дете. Ивана две години била во комуна каде се лечела од зависности.

„Се излечив, но не беше воопшто лесно. Би рекла дека всушност стравот од враќање во комуната беше пресуден“, рекла Ивана во интервјуто.

Таа кратко беше пејачка на групата „Магазин“, но си заминал оттаму.

Неодамна стана мајка. Со партнерот живеат во Загреб, ама, вели, за брак не размислуваат.

Scroll to Top