Братот на Рада Манојловиќ откри зошто не се повеќе блиски

Братот на пејачката Рада Манојловиќ, Ненад, почнал да чекори по стапките на сестра си. Ненад вели дека кога станува збор за неговата кариера, тој не се консултирал со Рада за музиката. Тој проговорил и за тоа зошто со сестра си не се гледаат толку често.

„Рада и јас сме дијаметрално спротивни. Се гледаме еднаш на три години. Ретко се слушаме, а таа е една од петте најпознати пејачки на Балканот. Разбирам дека е зафатена. Покрај емисиите, снимањата и настапите, секоја слободна минута таа гледа да ја искористи за приватниот живот“, вели пејачот.

Ненад признал дека му се допаѓа дечкото на Рада, Харис Берковиќ.

„Ако за неа е добар, за мене е уште подобар. Млад е, убав и убаво пее. Пред нив е блескава кариера. Ако се паметни, тоа може да го искористат. Тој е прва лига“, изјавил Ненад.

 

 

Scroll to Top