Чедомир Јовановиќ од сиромашен студент во искинати патики, до милионер

Лидерот на ЛДП во Србија, за многу кратко време го минал патот од скромно момче со полускинати патики, до политичар кој во моментов троши милиони евра за кои никој не знае од каде му се.

Од лидер на студентските протести во деведесетите, до моментално еден од најбогатите политичари во Србија. Така во кратки црти може да се опише развојниот пат на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

За околу 20 години во политиката, од рака му појде она на што многумина не им успеало, а можеби веројатно никогаш и нема да им успее. Стекнал големо богатство, ако може да се суди по начинот на живот кој го води. Но на никој не му е јасно како успеал да стекне толкаво богатство. Јовановиќ со денови или години одбива да го објасни потеклото на своите пари.

Чедо за милионите

ЈАС СУМ БИЗНИСМЕН

Лидерот на ЛДП, познат по хедонизмот, никогаш не бил премногу расположен да објасни од каде му се парите за стилот на животот кој го води. Пред неколку години, во една од ретките можности, тој изјавил дека има многу успешен приватен бизнис и дека платил повеќемилионски данок, но не открил за каков конкретен бизнис се работи. Познато е дека фирмите кои се воделе на неговата сопруга Јелена, се под стечај, поради огромните загуби и неплатените даноци.

Но, и на самиот Чедо му е јасно дека не може да се живее и финансира животот кој тој ѝ неговата сопруга го живеат на луксузна нога, со пратеничка плата од 900 евра. Десетина илјади евра годишно троши на летување на Миконос, ништо помалку не чини ни неговото планинарење по светските врвови за време на зимските денови. Лидерот на ЛДП со години вози само најскапи автомобили, како „ауди Q7 кварт“, додека неговата поубава половина не така одамна се почести со „мерцедес“ од бајковити 60.000 евра. Медиумите откриле дека поседува и јахта, а познато е неговото луксузно летување на елитниот грчки остров Миконос, каде отседнал во прекрасната вила и уживал во рестораните во кои шампањот се продавал по цена до 120.000 евра, а вотката по цена од 150.000 евра. Дури се поставува и прашањето дали вилата на Миконос од неколку милиони евра е во негова сопственост. Познато е дека големи пари троши и за гардероба, а познат е како колекционер на скапоцени часовници од по неколку десетина илјади евра.

Соработниците го открија

ЧЕДО Е МАЛ СТАЛИН

Убави зборови за Чедомир Јовановиќ ретко кој ги има денес. Неговите блиски соработници, оние кои добро го познавале, го опишуваат како битанга, измамник, крадец. Миле Коричанац, некогашниот менаџер на ЛДП, говорел дека Чедо е мал Сталин. Горан Петровиќ изјавил дека е паталошки болен измамник, крадец и лажго, хоштаплер и битанга. Додека Бранислав Лечиќ истакнал дека Чедо пријателски го предал.

Кога денешниот лидер на ЛДП ќе се спореди со она што бил во деведесетите, јасно е дека тука нема ништо заедничко. Почнал, да потсетиме, како еден предвоник на студентските протести во Белград во 1996 година. Облечен е во кожна јакна, со полускинати патики и обетка на увото. Оставил впечаток на скромен, да не кажеме сирот студент. А тогаш влегол во политиката каде, како што многу политички противници, но и поранешни соработници го обвиниле, се пикал секаде и се дружел со секој од кого можел да има финансиска корист.

Упатените тврдат дека така дошол и до контакт со „земунскиот клан“, кој како што велат некои, му давале значителни суми на пари. Војислав Шешељ тврди дека „земунскиот клан“ на Чедо му дале пет милиони марки од киднапирањто на Мирослав Мишковиќ, а и самиот сопственик на „Делта“ Мирослав Мишковиќ го прашал во врска со „земунскиот клан“ ѝ дали добил пари од неговите киднапери.

Поранешните соработници, како Весна Пешиќ и Горан Петровиќ, но и многу од ЛДП и ДС, велат дека партијата ја приватизирал за лични потреби, поради што многумина од нив и го напуштиле.

Својата партија, која ја основал во 2005 година, по заминувањето од ДС, ја претворил во приватно претпријатие, нешто за кое го обвинуваа голем број на соработници.

Но, иакоо во јавноста досега повеќе пати се барало да се испита потеклото на парите на Јовановиќ, тоа до ден денес не е направено. Сигурно добар дел од приходите доаѓаат од бизнис фирмите кои официјално се во сопственост на неговата сопруга Јелена, но ни тој бизнис не цветал отсекогаш. Работниците се жалеле дека и по пет месеци не добивале плати, додека Јовановиќ од друга страна, трошеле милиони.

БЕГСТВО ОД ПАРТИЈАТА

ПРОКИЌ, ЛЕЧИЌ, ОСТОЈИЌ, ПЕШИЌ

Од партијата во која голема надеж полагала граѓанската Србија, ЛДП стигна до партија која ја напуштиле сите видни членови. Од Јовановиќ побегнале Ненад Прковиќ, Бранислав Лечиќ, Бојан Џуриќ, Зоран Остојиќ, Весна Пешиќ. Партијата се наоѓа длабоко под цензусот, а на последните парламентарни избори влегла во Собранието со помош на Борис Тадиќ и Ненад Чанка. На неодамнешните белградски избори на ЛДП освоил само 0,3 проценти од гласовите.

 

Scroll to Top