Од овој месец ќе започне да се прикажува најновата хрватска теленовела “Чиста љубов”, снимена од хрватската телевизија „Нова“. Серијата ќе оди на Сител .
Се работи за семејна драма која навлегува и во аномалиите на општеството. Сепак, главната приказна се одвива околу самохраниот татко Томо, чија петгодишна ќерка секојдневно го чека враќањето на својата мајка, која пак го оставила своето семејство. Томо, кој пак и самиот е израснат без родители, а единствената потпора ја има од својата сестра, со која заедно биле во домот за деца без родители.
Од таму го има познанството со Ранко, негов врсник , кој уште како бебе бил оставен пред вратата на домот за деца без родители. Ранко целото свое детство, но и подоцна како возрасен, во ликот на Томо, гледа ривал, бидејќи во време на домските денови Томо постојано бил посетуван од најбогатата жена во крајот,госпоѓата Едита.
Мистеријата за тие посети ја знае само сестрата Бранка, која била малку повозрасна од Томо и ја знаела врската помеѓу таткото и Едита, која според нејзе е и еднинствената виновничка што таа и нејзиниот брат остануваат сирачиња.