Синоќа култниот бенд „Рибја чорба“ одржа двочасовен концерт на паркинот кој граничи со Аква Паркот. И официјално го означи почетокот на враќањето на ноќниот живот. Ова беше првиот концерт од оние кои кои следат.
„Помина една и пол година срање наречено пандемија од кога последен пат се видовме. Во меѓувреме останавме без нашиот басиста Миша Алексиќ и затоа би ве замолил да му оддадеме минута аплуаз. Слава му. Сигурен сум дека нè гледа одозгора и навива за сите нас“, рече Чорба додека публиката го скандираше на Алексиќ.
Бора Ѓорѓевиќ во негова чест ја испеа песната„Убијају рок’ен’рол“ од минатиот албум, за кој што како вели тој, буквално не ни стигнале да го свират поради пандемијата.
За време на песната „Једино мое“, членовите на бендот се собраа и ги поздравија присутните, а потоа се повлекоа и продолжија со журката.
Во текот на целиот синоќешен настап публиката имаше можност да ужива во бројни поранешни и понови хитови. Кон крајот на вечерта Бора Чорба ги испеаа „Кад сам био млад“, „Лутка са насловне стране“, „Амстердам, а концертот заврши со хитот „Волим, волим жене“.
Коцертот го организираше Авалон продукција.
Марија Прличкова