Дара Бубамара и Сека Алексиќ завршија со пријателството засекогаш

Дара Бубамара и Сека Алексиќ веќе со години не разговараат, а изјавиле нешта една за друга кои јасно укажуваат дека никогаш нема да се смират.

За тоа сведочи и потегот на Дара, кој ги шокираше дури и најжешките фанови.

„Сите сме луѓе, но ретко кој е човек. Фала на поддршката“, напишала Дара покрај снимката со изјавата на Јелена Карлеуша.

Имено, Дара објавила снимка од изјавата на Јелена Карлеуша за српски портал во Нови Сад. Новинарите побарале од Карлеуша коментар за големиот концерт што Дара Бубамара треба да го направи во Арената во Белград. На прашањето што мисли за тоа што концертот на Сека во Арена е закажан седум дена пред одржувањето на оној на Дара Бубамара, пејачката одговорила:

„Па тоа говори повеќе за неа. Тоа говори за неа и нејзините прекрасни пријателски односи со Дара Бубамара“, изјави Јелена.

Видете на следниот линк:

Инаку, Карлеуша по потегот на Дара покажа колкав шмекер е па на објавата на Дара и нејзината снимка оставила и свој коментар, а Бубамара ѝ се заблагодарила.

 

Scroll to Top