Јелена Карлеуша рече дека текстот на новата песна на Дара Бубамара, „Кока Рока“, бил нејзин и дека го купила од покојниот син на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ. Додаде дека уредно му платила додека соработувале и дека е во нејзина сопственост. Го купила од сожалување, а сега сака да го подари.
„Имам потреба да споделам со фановите и медиумите некои информации врзани за новиот албум, но и за моите бивши соработници. Како што знаете, некои од моите текстови ги напиша Милан Радуловиќ. Јас уредно му ги платив однапред. За жал, Милан имаше проблеми со дрогата, па во таква состојба многупати ме молеше да му платам однапред. Парите му ги дадов, а тоа може да го потврдат и моите соработници“, рече Јелена.
Карлеуша ја прекина соработката со Милан пред неколку месеци пред да почине. Прекинаа кога Милан на „Тивтер“ ја објави песната што требаше да се најде на нејзиниот нов албум. Потоа ги изладија односите, а Карлеуша објасни дека не ја сакала песната затоа што текстот не бил доволно добар како на другите песни.
„Едно време одлучив дека не сакам да му дадам пари. Го правев тоа за негово добро затоа што знаев дека ќе ги потроши на дрога. Почна да ми се заканува дека ќе ги објави текстовите што ги пишуваше за мене. На крајот, го направи и тоа. Во исто време почна моите песни да ги продава на други пејачи иако уредно платив за нив. Подоцна ми се извини. Рече дека парите му биле потребни затоа што наркоманијата е најголемо зло. Не само што ме уценуваше, ми се закануваше и ми ги објавуваше моите платени текстови, туку и ги продаваше. Еден од нив е и текстот што го заврши на 15 декември 2021 година“, рече Карлеуша.