Дара Бубамара тешко повредена во бркотница низ Швајцарија

Пејачката ја отворила вратата и искочила од возилото кое било во движење, па во тие моменти, паднала и го повредила рамото и ногата, поради што завршила во болница.

Дара Бубамара е тешко повредена за време на бркотница со коли во Цирих, додека бегала од луѓе кои ја бркале, дознаваат медиумите.

Пејачката неодамна пеела во Швајцарија каде забележала тројца Турци. Тие преку газдата на дискотеката се обиделе да стапат во контакт со фолкерката, но тој тоа не им го дозволил. Поради безбедноста, Бубамара добила возач, па по настапот со него се упатила во хотелот.

Во еден момент и двајцата приметиле дека се следени од бел блиндиран џип, па возачот додал гас. Но, џипот продолжил да ги следи, па еден час се бркале низ градот. Пејачката го замолила возачот да застане, но тој не ја послушал, туку само забавил. Дара тогаш ја отворила вратата и скокнала од возилото. Во тој момент џипот застанал и момците истрчале до пејачката. Таа лежела на подот и викала од болки, а ногата и била крвава. Момците ја подигнале, објаснувајќи дека не сакаат ништо, и ја однеле во болница. Нејзиниот возач цело време бил зад нив.

„Во колата и објасниле дека немаат лоша намера туку дека ја следеле затоа што сакале да поразговараат со неа за настапот во нивниот клуб во Истанбул. И објасниле дека сопственикот на клубот во кој таа ноќ пеела не им дозволил да контактираат со неа, па одлучиле да ја следат или да ја запрат на улица“, вели извор близок до пејачката.

Момците и шоферот цело време биле во амбулантата и чекале Бубамара да заврши со прегледите, кои траеле повеќе од четири часа. На крајот е констатирано изместено рамо и повреда на ногата, а по телото имала изгребаници и модрици. Лекарите и наредиле строго мирување, поради што неколку недели нема да може да настапи.

Помислила на најлошото

„Вистина е дека во Цирих имав непријатна ситуација со луѓето кои не мислеле ништо лошо. Сакаа само да ме ангажираат за пеење, а мене сешто ми минуваше низ главата. Беше малку бркање низ градот. Сешто ми паѓаше на памет, но фала богум ништо страшно не ми се случи. На крајот се испадна добро“, рекла фолкерката.

 

 

Scroll to Top