Дарко Лазиќ откри дека е среќен со новата девојка  

Популарниот пејач Дарко Лазиќ откако се разведе со Ана Севиќ, повторно е вљубен. Тој кажал дека е среќан со новата девојка.

„Имам девојка и среќен сум. Ана и јас долго време не сме заедно. Мислам дека и таа има дечко, секој си тргна по својот пат. Зарем не се познава дека сум среќен?, изјавил Лазиќ.

Ана и Дарко се разведоа на почетокот на годината, а заедно ја имаат и ќерката Лорена.

Деновиве во медиумите се шпекулира дека и Ана Севиќ има нов дечко, меѓутоа таа демантираше велејќи дека не секој маж кој ќе и се приближи е нејзино момче.

Scroll to Top