Детали за милионскиот развод на Драгана Мирковиќ: Еве зошто пејачката уште е принудена да биде во брак

Веста за разделбата на Тони Бијелиќ и Драгана Мирковиќ ја шокираше јавноста пред речиси една година, а тие сè уште официјално не се развеле, објави Ало.рс.

Неодамна беше објавено дека Тони Бијелиќ влегол во нова љубовна врска, а како што сега објавуваат медиумите, тој сè уште не се развел ниту од Драгана Мирковиќ. Најкомплицираната работа наводно е имотот, проценет на милиони, што го стекнале заедно за време на нивниот брак.

Драгана Мирковиќ наводно останала да живее во дворецот во Виена, додека Тони Бијелиќ се иселил и го продолжил животот во вила што ја купил во Опатија, на хрватскиот брег.

Scroll to Top