На пејачот Џеј Рамадановски пред неколку месеци морало да му се направи хируршка интервенција на срцето. Операцијата била изведена во престижна клиника во Виена. Фолкерот признал дека бил исплашен за својот живот и дека операцијата била и повеќе од ризична.
Сепак, Џеј ги послушал советите на лекарите, кои, како што изјавил, набргу го вратиле во живот и на неговата љубов музиката.
„Имаше и лоши и малку полоши моменти, но се чини дека операцијата е нешто најстрашно што ми се случи. Признавам, животот што го водев од рано детство ме доведе до тоа да завршам под нож. Срцето можеше да ми застане. Имав сериозна интервенција и сега морам да се грижам за моето здравје“, раскажал Џеј.
„Во тие моменти целиот живот ми мина низ главата. Алкохолот, цигарите, малку од белиот прашок, сето тоа придонесе да си го уништам срцето, но и гласот. Едвај зборував, а за пеењето не можев ни да размислувам“, изјавил Џеј.