Џенан Лончаревиќ се разведе: по 25 години и официјално стави крај на бракот

Пејачот Џенан Лончаревиќ се разведе од сопругата Самира. Како што пренесува „Курир“, тие во петокот на 19 јули конечно ги потпишале документите за развод и со тоа и официјално ставиле точка на бракот.

Тамошните медиуми постетуваат дека тие беа во брак 25 години, а после тоа во јавноста испливаа шокантни детали од нивната врска.

Самира тврдела дека Џенан сака да ја избрка од куќата.

– Само барам да се почитува законот во сето ова, не барам ништо повеќе. Впрочем, јас сум вработена во тој суд, ја водам кривичната канцеларија и знам како оди се. Барам предметите што се пред мене да се закажат, ако се итни тогаш моите. Дали ќе биде утре, задутре или за еден месец, се додека го следи законот. Тој и неговиот адвокатски тим сега бараат од сите страни да се забрза. Најголем проблем е имотот, доживеав дека после 25 години брак сакаат да ме исфрлат од дома. Веднаш би го потпишала барањето за развод, веднаш, но проблемот е имотот, бидејќи се што купил е ставено на име на мајка му. Сега купил стан во Белград на име на таа жена, го ставил на нејзино име да не можам да добијам ништо. Тоа е проблемот – изјавила Самира.

Scroll to Top