Во рамки на актуелната светска турнеја „Хотел Национал“, на која досега присуствуваа околу 700.000 луѓе, Дино Мерлил за прв пат во кариерата пристигнува во Крагуевац.
Ова лето, на 30.06.2018 година, на Хиподром во Крагуевац, публиката ќе има можност да биде дел од ултимативно музичко-сценско шоу, со искрена емоција и единствена енергија. Се очекува уште една ноќ со незаборавна музичка магија на Дино Мерлин. Не постојат голем број на изведувачи кои можат да се пофалат дека ја наполниле белградската Арена, а истовремено тоа да им успее три пати по ред. Но, на Дино Мерлин тоа му појде од рака во 2011 година, а потоа и во 2015 година. Арената повторно беше преполна во двете последователни вечери.
Концертите на овој уметник според стандардите на продукцијата и перформансите, одат рамо до рамо со најголемите европски и светски ѕвезди. По три години, Дино Мерлин повторно настапува во Србија. Овој пат во Крагуевац, место кое на 30 јуни ќе биде домаќин на најголемиот спектакл во овој дел на Европа.
Првите 3000 влезници за партер ќе се најдат во претпродажба од 02.04.2018 година, по специјална цена од само 600 динари. Потоа цената до 01.06.2018 ќе се зголеми на 800 динари. Од први јуни влезниците за партер ќе изнесуваат 1000 динари, додека на денот на концертот ќе изнесуваат 1500 динари.
Цената за влезниците за Фан пит, ќе изнесува 1500 динари, до 01.06.2018 година. Од први јуни ќе изнесува 1800 динари, а на денот на концертот 2500 динари.
Вип влезниците ќе изнесуваат 6000 динари, а ултра ВИП влезниците 12.000 динари.