„До сега сигурно сум ослабел 200 килограми“, Марко Кон за диетите од кои не се откажува

Српскиот музичар Марко Кон признава дека цел живот е на диета. Вели ги пробал сите режими на исхрана за да ги намали килограмите и  ако се земат предвид сите диети досега, вкупно ослабел дури 200 килограми.

Сепак, вели, без разлика колку брзо ги губи килограми, вишокот повторно му се враќа. Најмногу имал 152 килограми, а наеднаш симнал дури 36 килограми.

„Уф, постојано сум на диета. Моментално имам 128 килограми, се надевам дека ќе продолжам да ги губам. Кога ќе се соберат и одземат сите мои диети, сум ослабел сигурно 200 килограми во животот.  За жал, тоа постојано се враќа, но не се откажувам“, раскажал Кон за „Хит информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko J. Kon (@markojkon) on

 

„Не сум од оние кои можат да јадат балансирано! Тоа го препорачуваат нутриционистите. Чувствувам постојано глад и потоа ја кршам диетата.  Ако ми дозволат залак пица, веднаш ќе го земам целото парче. Сфатив дека или јадам сè и многу или речиси ништо“, вели Кон.

Тој месец дена бил веган и живеел на супи од зеленчук. Потоа внесувал малку јогурт или павлака  во чорбите. Сепак, не бил  особено среќен со таа исхрана, иако не му било тешко. Веќе наредниот месец пробал кето-диета, во која се јаде месо, и тоа му годело. Килограмите лесно се губеле, а тој бил полн со енергија, и покрај слабата потреба за глад.

Тој за јавноста ја откри  диетата што моментално ја практикува:

Појадок: едно парче тостиран леб, намачкан со хумус.

Ужинка: леден чај со лимон, без шеќер.

Ручек: четвртина плескавица или пилешко на скара.

Вечера: лажица пире од компир.

Scroll to Top