Драган Бјелогрлиќ ќе снима серија за југословенската кошарка

Српскиот актер, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ, во јули ќе почне да ја снимање неговата нова серија „Жигосани во рекетот“.

Приказната ќе ја раскаже приказната за последната златна генерација на југословенската кошарка. Ќе се сконцентрира на животите на еден Хрват и еден Србин откако репрезентацијата се растура, а тие веќе не играат кошарка и се обидуваат да се снајдат во новиот живот. Во серијата ќе глуми и поранешниот кошаркар Предраг Саша Даниловиќ, кој ќе се игра себеси.

Според српски „Курир“, серијата ќе почне да се снима во средината на јули, а во неа ќе глумат Весна Тривалиќ и Слободан Нинковиќ. Извор за истиот весник открил дека Бјелогрлиќ и понатаму размислува кои глумци ќе ги играат главните улоги, а во моментов му е потешко да одбере глумец од Хрватска.

 

Scroll to Top