Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси се најде меѓу познатите кои ќе го следат финалето на континенталното натпреварување во Истанбул.
Пикси сподели фотографија со сопругата Снежана од Турција каде на стадионот Ататурк се игра пресметката меѓу Интер и Манчестер Сити.
Сити е голем фаворит на тој меч, а единствен српски играч во двата тима е Александар Станковиќ кој најверојатно нема да биде во протоколот бидејќи настапува за помлада екипа. Затоа, нема сомнеж дека Пикси ќе ужива во шоуто, бидејќи и самиот еднаш имаше шанса да го подигне пехарот.
Тој беше во Олимпик од Марсеј кога клубот се соочи со Црвена Звезда во финалето на Купот на европските шампиони во 1991 година.
View this post on Instagram