Тринаесет месеци откако објави дека поднела барање за развод, Драгана Мирковиќ официјално се разведе од бизнисменот Тони Бијелиќ.
Драгана Мирковиќ и официјално го врати презимето.
Регионалната музичка ѕвезда вчера, по 25 години брак, пред австрискиот суд ги потпишала сите потребни документи со сега веќе официјално бившиот сопруг Тони Бјелиќ, пренесува „Курир“.
Драгана Мирковиќ цел ден остана недостапна за изјава, што не е чудно бидејќи од моментот на објавување на веста за разводот остана доследна и достоинствена и не сакаше да коментира ништо, иако медиумите беа преполни со разни шпекулации. Но, за тоа дека е задоволна од крајниот исход и од новостекнатата слобода говори и тоа што на социјалните мрежи објави своја насмеана фотографија со коментар „Колку среќен ден“.
Минатата година како гром од ведро небо одекна веста дека една од најголемите музички ѕвезди во регионот поднела барање за развод. Драгана Мирковиќ тогаш само се огласи со изјава:
„Со жалење морам да ве известам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони веќе долго време не е таков каков што беше, сето ова време практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, заради благосостојбата на моето семејство и бидејќи бев воспитана на тој начин, направив сè, но сфатив дека повеќе им нанесувам штета на моите најблиски со тоа што насилно останав во нешто што долго време не функционира. Ставам точка на нашиот брак“, рече тогаш таа.