Секој поминат ден српската јавност добива нови информации за нови докази за случајот со убиството на српската пејачка Јелена.
Целиот случај од ден на ден се заплеткува сè повеќе, а како главен осомничен засега се јавува само името на нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ.
Тој беше осомничен кога неговата ДНК земена од неговите панталони беше пронајдена во калта на насипот каде што беше откриено телото на пејачката.
Најновите информации што доаѓаат од медиумите говорат за тоа дека Зоран лажел во изјавата за осомничениот што го забележал на насипот. Станувало збор за неговиот сосед, кој бил околу местото во тоа време, но од страна на случајни минувачи бил забележан како заминува во сосема спротивна насока.
Истрагата опфати уште две осомничени пејачки од српската естрада, кои исто така беа приведени и со нив беше извршен информативен разговор. Тие се познати и имаат настапи и во странство, а за време на убиството биле тука.
Засега не се познати повеќе детали. Јелена беше убиена на 2 април на насипот кај Борча.