Елена Лука ја облече Лидија Вукиќевиќ на премиерата во Штип

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ блесна во секси креација од дизајнерската куќа на Елена Лука. Таа во костимот на македонската дизајнерка ја одигра премиерата на комедијата „Обвинителка“ во театарот во Штип и ги собра сите комплименти, и за изведбата и за изгледот.

Автор на претставата е Огнен Неделковски, а режијата е на Сашо Ристовски.

Во улогата на обвинителката Вукиќевиќ свои партнери на сцената ги имаше актерката Магдалена Ризова-Черних и актерот Сашо Ристовски. Режијата на оваа театарска претстава ја потпишува актерот Ристовски, сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се изработени од страна на Елена Лука, а музиката е на познатиот Мишел Трајковски.

„Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време“, велат организаторите.

Претставата ,,Обвинителка” првата реприза ќе ја има денес во Куманово, а веднаш потоа следува гостување во Охрид и Битола.

Scroll to Top