Пејачката Емина Јаховиќ има нов дечко, пишуваат турските медиуми. Папараците веќе некое време ја следат и ја уловија со турски програмер. Медиумите пишуваат дека се во врска повеќе од еден месец.
Емина неколкупати досега откри дека тешко ѝ паднал разводот од сопругот Мустафа Сандал со кого има два сина. Потоа таа имаше кратка љубовна авантура со милионерот Садетин Саран.
Сега руските папараци ја фотографираа во ресторан со новиот дечко.
„Емина и Рон не се подготвени да се појавуваат во јавност, па сè уште се кријат од сите. Често седат во еден ресторан во близина на нејзиниот дом и изгледаат дека се заљубени. Рон доаѓа кај неа дома, а таа го запозна со своите синови“, открил неименуван извор близок до пејачката.
За разлика од нејзините претходни партнери, Рон не е милионер, но заработува солидно. Тој живее во помал град во Турција, но често патува во Истанбул, вели изворот, кој открива дека Емина и понатаму останала во одлични односи со поранешниот сопруг.