Емина Јаховиќ има нов дечко, 14 години постар бизнисмен од Турција

Српската пејачка Емина Јаховиќ е во врска со четиринаесет години постариот Курт Даниел Сантеј, со кој веќе два месеци е веќе во љубов и со кој ги помина празниците на Малдиви.

Новиот партнер на Јаховиќ, како што се пишуваат турските медиуми е разведен, има две деца и е бизнисмен.

Познатиот финансиски советник, Сантеј долго време живеел во Швајцарија. Пред две години ја оставил сопругата, и по разводот се вратил во Истанбул. Како што открива извор за турските медиуи, Сантеј веќе ги запознал синовите на Емина, Јаман и Јавуз.

„Финансискиот советник, кој има две деца, е познато име во општеството и светот на бизнисот, иако не е познат во таблоидите. Дознав и дека свежите љубовници биле на Малдивите за време на празниците. Тие веќе заминале на заеднички одмор бидејќи ја делат страста за патување. Не можев да дознаам дали Емина Јаховиќ ги запознала децата на Курт. А нејзиниот сакан веќе се споил со синовите на пејачката, Јаман и Јавуз“, изјавил добро упатен извор.

Пејачката се разведе од турксиот пејач Мустафа Сандал во 2018 година. Со него имаше два сина Јаман и Јавуз. Мустафа минатото лето се ожени со 19 години помладата Мелис Сутсуруп.

Во последните години, српските и турските естрадни медиуми со големо внимание го следеа нејзиниот приватен живот како и разводот на пејачката од Мустафа Сандал.

 

 

Scroll to Top