Емина и Мустафа се сретнаа првпат по разводот

Пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен маж Мустафа Сандал се сретнаа првпат по разводот. Двајцата музичари неодамна присуствуваа на училишната приредба на нивниот постар син, кој го заврши четвртото одделение.

Пејачката објави и видео од приредбата на својот инстаграм-профил и напиша „Честитки, Јаман! Мама те сака најмногу на светот“.

Емина и Мустафа се разведоа по 10 години брак, но останаа во пријателски однос заради синовите Јаман и Јавуз.

Scroll to Top