Емина нема дом

Проблемите на Емина допрва почнуваат, Мустафа ја смени одлуката. Иако Емина сметаше дека разумно ќе се разведат со Мустафа Сандал па поранешниот сопруг ќе и ја остави куќата во Истанбул каде би живеела со децата, Мустафа се премисли.

-Кога одлучија да се разведат, Мустафа и вети на Емина дека куќата во Истанбул ќе и ја остави да живее со децата, а дека тој ќе си најде стан за себе. Меѓутоа, тој продолжи да живее таму, ангажираше и готвач и помошничка да се грижи за се, вели добро информиран извор за српските медиуми.

Таа размислува да најми агент за недвижнини и да најде нов дом за себе и децата.

Се уште не знае дали би живеела во Србија или Турција, а моментално повеќе време минува во Нови Пазар кај семејството. Децата засега живеат на две адреси.

Scroll to Top