Во пукањето кое се случи утринава во Србија, 30-годишната актерка Ивана Панзаловиќ позната по улогата во серијалот „Курсаџии“ се здоби со тешки повреди, откако на неа пукал 59-годишниот хирург, оносно нејзиниот вереник Срѓан Цветановиќ,инаку вработен во Воено-медицинската академија.
Цветановиќ пукал во својата девојка, а потоаизвршил самоубиство.
Тие двајца се вериле на 7 август, а љубовта им цветала до пред некој ден. Потоа започнале кавги, за сето тоа утринава да кулминира со убиство.
-„Можеби е луда, но е магична. Нема лаги во нејзиното лудило“ – напишал Срѓан на денот на веридбата.