Физиотерапевт трипати го враќал во живот мажот на Дорис Драговиќ

Ватерполистот Марио Будимир, сопруг на хрватската пејачка Дорис Драговиќ, вчера доживеал инфаркт додека бил на вечера со пријателите во ресторан во Сплит. Според хрватските медиуми, Будимир бил да гледа турнир во мал фудбал, по што отишол на вечера со пријателите. Штом влегол во ресторанот, се фатил за градите и паднал. Меѓу гостите бил и долгодишниот физиотерапевт на „Хајдук“, Доименико Сизгорео, кој трипати го враќал во живот додека чекал да пристигне брзата помош. Будимир бил итно пренесен во болница каде што му биле вградени два стента.

„Беше страшно да се гледа. Сизгорео трипати го врати од мртвите“, изјавил еден од гостите во ресторанот.

Популарната хрватска пејачка и неколку години помладиот ватерполист се венчаа 1990 година. Тие го имаат синот Борна.

 

Scroll to Top