Првиот фестивалски ден од овогодинешното издание на „Егзит“ на Петроварадинската тврдина донесе 42.000 луѓе, а главни ѕвезди беа Лиам Галагер, поранешниот фронтмен на Оазис, Ник Вуичиќ кој
одржа емотивен говор на отворањето, како и мегапопуларните диџеи Лост Фриквенсис и Алан Вокер.
Кога во 1994 година се појави „Denitely Maybe“, двете момчиња од Манчестер, Лиам и неговиот брат Ноел Галагер станаа ѕвезди преку ноќ. Целиот свет зборуваше за британскиот поп феномен, а „Оасис“
станаа предводници на новиот рокенрол бран.
Поминаа 23 години од сингловите „Supersonic“ и „Live Forever”, браќата Галагер за жал жестоко се скараа и бендот се распадна.
Конечно оваа 2017 година, Лиам Галагер во соло варијанта се појави на „Егзит“ и буквално ја запали главната бина. Меѓутоа Лиам ги форсираше неговите нови песни, а кој се надеваше на ултимативна
„Оасис“ забава веројатно замина разочаран од тврдината.
Тој ги испеа “(What’s The Story) Morning Glory”, “Right Here, Right Now” и “Slide Away”, но големиот број од присутните ги очекуваа и “Don’t Look Back In Anger”, “Some Might Say” или “Champagne Supernova”, кој
не беа изведени.
За крај на едночасовната свирка беше изведена “Wonderwall” испеана во еден заеднички глас со 40.000 присутни пред главната бина.
Нестандардно за „Егзит“, вечерта беше отворена со официјална церемоија која траеше дури еден час и претставуваше чудна мешавина од индиско пеење, мјузикл со триесет актери на бина и мотивациски
говор на светски познатиот Ник Вуичиќ.
Забавата продолжи до раните утрински часови со настапите на ултрапопуларните диџеи Лост Фриквенсис и Алан Вокер, како и на прочуената денс арена.