Пејачката Анастасија Ражнатовиќ беше запросена по нејзиниот настап во Париз. Таа викендов го имаше својот прв солистички концерт по четири години. На крајот еден млад дечко од публиката застана до неа на сцената со букет цвеќиња ѝ ја побара за жена.
„Ѝ рече дека е воодушевен од неа, од нејзиниот карактер, дека долго време ја следел во медиумите и дека би сакал да го помине остатокот од животот со неа“, рече извор близок до пејачката.
Тој рече дека иако делувала збунета и исплашена, Анастасија му се заблагодарила за понудата и го одбила. „Го зеде само букетот и се сликаше со него“, рече тој.
За потсетување, ќерката на Цеца неодамна по пет години ја прекина врската со Ѓорѓе Куљиќ. Таа се исели од станот во кој живееа заедно и се врати во семејната вила.