Фолкерот Аца Лукас го прослави својот 50 роденден, во семејна атмосфера во друштво на своите најмили. Досега фолкерот родендените ги славеше за време на своите концерти со 20 илјадната публика и луди журки низ Балканот.
Овој јубилеен роденден сепак фолкерот одлучил да го прослави во интимно друштво. Лукас го собра семејството, а неколку фотографии објави на социјалните мрежи и ја покажа опуштената атмосфера во својот дом.
„Најдрагите и единствени гости денес!“, напиша Лукас на фотографијата на која се неговите синови, ќерка, внука, како и Софија Сашиќ, ќерката на Соња Вуксановиќ од првиот брак.