(Фото) Ацо Пејовиќ пееше пред преполната „Штарк арена“

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ синоќа имаше концерт во „Штарк арена“ во Белград. Во салата пристигнаа повеќе од 20.000 луѓе, а меѓу нив имаше и дел од српската естрада меѓу кои беа и Цеца и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, синот Вељко и неговата вереница Богдана Родиќ.

Меѓу поканетите специјални гости кои се појавија на сцената да пеат некои од хитовите на Ацо, беа и Александра Пријовиќ, Едита Арадиновиќ и Саша Матиќ.

Покрај хитовите на Пејовиќ, публиката имаше можност да слушне и некои од хитовите на починатите пејачи Кемал Монтено и Оливер Драгојевиќ.

Ацо кој на концертот пристигнал со неговата сопруга Билјана, изјави дека немал трема, а не бил ниту претерано возбуден. Како што вели бил само среќен.

   

 

 

Scroll to Top