Наташа Беквалац во вторникот, на 25 септември, наполни 38 години, и планираше големо изненадување за публиката токму на тој ден, претставување на новата песна во емисијата „Амиџи шоу“.
Сепак, Беквалац се извини за неможноста тоа да го оствари, велејќи дека ѝ се потребни уште неколку дена за комплетирање на спотот.
Но, иако не гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, Беквалац го одбележа својот роденден со вечера во друштво на сестрите во еден белградски ресторан.
Во лежерно издание, без шминка и со собрана коса, Наташа уживаше во виното и цигарите.
„Денес ми е 38. роденден. Емоциите ми се многу помешани денес. Сакам да им се заблагодарам на сите за прекрасните пораки и за љубовта што секојдневно ја чувствувам. Реков дека денес ќе ви го покажам спотот за новата песна. Не можев денес, сè откажав, и емисијата и подготовките, сè. Ми треба уште некој ден, ми треба уште време. Не е сè како што изгледа. Ни јас не сум како што изгледам. Ве молам извинете. Ако ништо друго, денес ми е роденден па простете ми“, напишала Беквалац на социјалните мрежи.