Славната Сара Џесика Паркер, која во улогата на романтичната Кери стана пример за многу девојчиња и жени, драстично го промени својот изглед.
Сара во понеделникот е сликната на улиците во Њујорк, во опуштен фазон, и речиси е без тронка шминка, а фотките со голема брзина почнаа да кружат низ светските портали, како и по социјалните мрежи.
Кери ја скрати долгата коса, се офарба во сино, но тоа што го задржа е витката линија, на која многумина можат да и позавидат, како и далеку помладите девојки и колешки.
Инаку, Сара, која има полни 52 години, во Њујорк во моментов го снима филмот „Best Day Of My Life“, односно, „Најдобриот ден во мојот живот“. Како што е објавено, Сара е во романтичната драма ќе и се приклучи и Рене Зелвегер, Изабела Роселини, Симон Бејкер, како и Тејлор Кини.
Приказната ќе ја следи жената Вивиен, која е џез пејачка во Њујорк.