(Фото) Бобан Рајовиќ промовираше нов албум

Бобан Рајовиќ неделава одржа гала-промоција на новиот албум во клубот „Опера“ во самиот центар на Загреб. Албумот со име DITO набргу ќе се најде на сите продажни места во регионот.

„Овој албум го посветувам на мојата публика која ја следи мојата работа, која ме бодри цела година. Го посветувам на публиката која го цени мојот труд и која секој ден ми говори колку ме сака. На сите им го подарувам DITO, вели Бобан.

„Благодарен сум им на сите што стигнаа да ја поддржат промоцијата во Загреб. Си поминавме убаво, направивме луда журка и како што гледам по реакциите, ја направив вистинската работа“, задоволно вели Рајовиќ, кој веќе со години е на самиот врв на популарноста во Хрватска, каде што е еден од најбараните пејачи во регионот.

На промоцијата во Загреб присуствуваа голем број јавни личности, меѓу кои се и некои од големите имиња на Хрватска, како прочуениот фудбалски тренер Чиро Блажевиќ.

Тука биле и Рајко Дујмиќ, тренерот на златните ватерполисти, Ивица Тучак, Младен Војичиќ – Тиф, прочуениот текстописец Нено Нинчевиќ, Џавид Љубовиќ, поранешниот сопруг на Дона Арес, кој работел на новиот албум на Бобан Рајовиќ, Кристина Ивановиќ, со која Бобан снимил две дуетски песни, како и многу други од јавната сцена.

 

 

Scroll to Top