Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, кој беше примен во болница во Белград со тешка пневмонија, на „Твитер“ објави слика од болницата и откри дека здравствената состојба му е малку подобра. Откако беше однесен во болница, му беше направен и тест на корона, кој се покажа позитивен.
„Уморен сум. Го прекинавме ширењето на пневмонијата за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови колку што е можно повеќе, оти се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок“, напиша 49-годишниот политичар.
Тој е во болница од 30 јуни поради тешка пневмонија. Првин бил примен во КБЦ „Бежаниска коса“, а по три дена, поради влошување на состојбата, бил пренесен на Клиниката за инфективни болести во Белград. Медиумите тогаш јавија дека е на кислородна поддршка и дека е сериозно болен.
Premoren sam, zaustavili smo tokom vikenda širenje upale pluća, kiseonik me je sačuvao i još mi je neophodan da bih što više odmarao pluća koja se bore sa virusom. Polako obaramo temperaturu i smirujemo krvni pritisak. pic.twitter.com/GZqBZSiOrd
— Čedomir Jovanović (@Ceda_Jovanovic) July 6, 2020