Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата девојка Марина Гагиќ го открија полот на бебето кое е го очекуваат. Се очекува пејачот наскоро да стане татко по вторпат. Марина на свет ќе донесе машко дете.
Веста за полот на детето ја открија со фотографии направени во нивниот стан. Двајцата се облечени во костуми на Дедо Мраз и Баба Мразица, а Марина донела балони во розова и сина боја.
Во играта со пукањето на балоните, на крајот победил синиот балон на кој пишувало момче.
По излегувањето од болницата во Земун, Дарко Лазиќ сега се наоѓа во бања во Младеновци. Дарко во болницата престојува од 23 октомври, кога доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Пејачот веќе ја има ќерката Лорена, од поранешниот брак со неговата колешка Ана Севиќ.