Поранешниот фудбалер и претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, е во љубовна врска со Кристина Брало, која е поранешна мис бикини на Хрватска, а сега е пејачка и виолинистка, тврдат медиумите.
52-годишниот Шукер е 25 години постар од Брало. Пејачката неодамна призна дека се познава со некогашниот фудбалер, но не потврди дека се заедно. И покрај тоа, речиси сите медиуми во регионот објавија дека се во љубовна врска.
Кристина во 2012 година беше избрана за мис бикини на Хрватска, а оттогаш сними неколку песни. Шукер, пак, кариерата ја почна 1987 година во ФК „Осијек“, а играше и за „Севилја“, „Реал Мардид“, „Арсенал“, „Вест хем“ и кариерата ја заврши во „Баерн Минхен“.