Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ која во февруари годинава доживеа тешка сообраќајна несреќа, за прв пат во јавноста се појави без гипс. Таа вели дека полека но сигурно се враќа во живот.
Со својот партнер Младен Мијатовиќ се појави на журка на телевизијата „Пинк“ а на себе носеше само лонгета. По неколкуте операции Деа неколку месеци мораше да носи медицински завои и гипс.
Деа откри дека се чувствува одлично и дека со нетрпение чека да почне да работи на утринската емисија.
„Се чувствувам одлично. Едвај чекам да почнам да работам. Се надевам дека наскоро ќе почнам со снимање. Како што можете да видите повеќе немам гипс на раката, а со нетрпение чекам да ја тргнам и лангетата. Уште во наредните денови сигурно ќе работиме на тоа“, изјавила Деа за медиумите.
Таа неодамна се врати пред малите екрани и повторно е водителка на утринската програма „Ново утро“ со својот колега Предраг Сарап.