(Фото) Девојките разочарани од новиот имиџ на Бали Бег

Турскиот глумец Бурак Озчивит, познат по улогата на Бали Бег, во серијата „Сулејман Величествениот“, им се пофали на фановите со својот нов имиџ.

Еден од најубавите глумци во Турција, објави фотографија од фризерски салон, откако ја скрати косата. На социјалните мрежи, тој наиде на голем број критики од фановите, на кои не им се допадна новиот изглед на Бурак.

„Зошто тоа го правиш. Презгоден беше со старата фризура. Те молам кажи ми дека се шегуваш“, му напишаа некои од најверните обожавателки.

Бурак го покажа новиот изглед, но ја задржа брадата. За многумина им се виде смешен, а многумина му напишаа дека ја загубил својата сексипилност.

Сепак имаше и некои на кои им се допадна и кои застанаа во одбрана на глумецот.

„Згоден маж е секогаш згоден, без разлика на фризурата. И така ќе ти порасне со време“, му напишаа тие.

Бурак заедно со неговата сопруга Фахрие Евџен, се најпосакуваната двојка во Турција. Тие неодамна прославија и трета годишнина од брак. Заедно го имаат синот Каран, кој го добија во 2019 година.

 

Scroll to Top