Актерот Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја прославија 25 години во брак на Денот за заљубените. Годишнината ја славеа во Мајами, во друштво на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ и неколку нивни пријатели. Во ресторан, со балони и шампањско, тие го одбележаа и Валентајн, а сликите од забавата ги објави Брена на Инстаграм.
„Заљубените веруваат во сè. Славиме 25 години брак на Драган и Маја. Со среќа“, напиша Брена.
Според српските медиуми, актерот и неговата жена, која е поранешна манекенка, дошле во Мајами за годишнината, на покана на Брена и Боба, а оттаму ќе продолжат на одмор во Мексико. Пејачката и глумецот се добри пријатели повеќе од 30 години, од времето кога глумеа заедно во филмот „Ајде да се сакаме“.
View this post on Instagram