(Фото) Дуа Липа со честитка за Денот на независноста на Косово пак ги провоцира Србите

Британската пејачка со косовски корени, Дуа Липа, го честита Денот на независноста на Косово, кој се слави на 17 февруари и со објавата повторно ги испровоцира Србите.

„13 години. Никогаш нема да заборавам како го гледав на телевизија додека живеев во Приштина. Незаборавно. Се гордеам на она што го постигнавме и што сè уште треба да го направиме”, напиша Липа под фотографијата со илустрација од нејзиниот лик и знамето на Косово.

Многубројни обожаватели со коментари ѝ го честитаа Денот на независноста и ѝ порачаа дека е кралицата на Косово.

 

Сепак, и годинава имаше коментари со критики, од оние за кои Косово е сè уште дел од Србија.

„Косово е срцето на Србија“, „Срамота“, „Косово е Србија“, „Може да земете сè, но Косово ќе биде дел од Србија засекогаш“, „Што ти е, по ѓаволите“, се само некои од коментарите.

Инаку, Дуа Липа често истакнува колку се гордее на своето потекло, а во едно од последните интервјуа за магазинот „Ролинг стоун“ изјави дека конфликтите на Косово го чинеле дедо ѝ кариера бидејќи тој не сакал да поддржи ново пишување на косовската историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Scroll to Top