Душко Тошиќ ја изненади сопругата Карлеуша кога самиот со сплав и дојде на настап во Белград. Дотеран со раскопчана кошула и бели панталони, Душко уживаше цело време додека Карлеуша ги забавуваше гостите.
Тој предизвика реакции кај другите, затоа што двајцата веќе некое време не се видени заедно во јавност. Последен пат биле видени во Истанбул за време на Денот на вљубените.
Претходно заедно го прославија неговиот роденден на 19 јануари годинава. Фановите коментираат дека ова е шмекерски одговор на Душко, до сите оние кои шпекулираа дека се има разведено.